Муцунски-Ибрахимовиќ: Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати

Заемната поддрка што ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува добар пример за нашата одлучност за напредок на овој пат кој ќе ни обебзеди сигурност стабилност и напредок кон просперитетна Европа кон која заеднички целиме. Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати.
Ова заеднички го констатираа шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Црна Гора, Тимчо Муцунски и Ервин Ибрахимовиќ, на прес-конференцијата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Ибрахимовиќ, кој е во официјална посета на земјава, најпрво изрази сочувство за трагедијата во Кочани.
- Длабоко не погоди загубата на млади животи и ја пренесов поддршката на Црна Гора во санирањето на последиците од оваа несреќа и опоравување на повредените, рече министерот и потпретседател на црногорската Влада.
Истакна дека како две земји чија водилка се европските и евроатлантските вредности постои голем простор одличната билатерална соработка дополнително да се интензивира.
- Полноправното членство на ЕУ е стратешка цел на Црна Гора и клучен надворешно-политички приоритет. Тоа определување што го делиме со Северна Македонија во контекстот на современи геополитилки околности, дополнителнбо добива на значење. Верувам дека како држава која намногу има напредок во процесот на преговори, можеме да направиме одлучувачки чекор и да послужиме како доказ дека проширувањето на ЕУ е релано а зачленувањето на Западен Балкан достижно, потенцира Ибрахимовиќ, додавајќи дека секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати.
Рече и дека европската перспектива е најсилен гарант за натамошен просперитет и стабилност, но и дополнителен кохезивен фактор на соработка во регионот, а во тој контекст, истакна, Црна Гора и Северна Македонија можат да послужат како пример.
Црногорскиот министер рече дека посебно внимание посветиле на транспортната поврзаност меѓу двете земји, додека македонскиот министер истакна дека заемно констатирале дека економската соработка не го следи нивото на политичките односи и оти размениле идеи како да се фокусираме на искористување на постојните потенцијали и можности со цел да придонесеме за унапредување на економската соработка, и зголемување на трговската размена, но и на соработката во областа на туризмот.
- Го делиме истиот став по однос на ситуацијата во регионот, и ја споделуваме неопходноста од наш силен фокус на сите нивоа – билатерално, регионално и мултилатерално, со цел одржување на мирот, стабилноста и просперитетот како клучни основи за придобивките за сите во нашиот регион. Го потпишавме Меморандумот за разбирање во областа на дипломатските обуки меѓу нашите министерства, со што и правно го формализиравме овој сегмент од нашата соработка, рече Муцунски на прес-конференцијата.
Посочи дека посебен акцент на состанокот бил ставен на процесот на европска интеграција на двете земји.
- Заемната поддршка што ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува добар пример за нашата одлучност за напредок на овој пат кој ќе ни обебзеди сигурност стабилност и напредок кон просперитетна Европа кон која заеднички целиме. Заеднички констатиравме дека е потребен засилен ангажман во делот на засилување на рефотмите и унапредување на владеењето на правото како основа за градење стабилни и функционални општества, додаде Муцунски.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
