Мурињо по поразот од Јувентус: Тимот што заслужи да победи загуби
– Тренерот на Рома, Жозе Мурињо даде свое видување на поразот од Јувентус (0:1) во Серија А.
– Можам само да кажам дека денес видов одлична Рома. Така им реков на играчите во соблекувалната. Да, зборуваме за пораз и нула бодови, но Рома беше одлична во секој поглед. Видов храброст, доверба, верба. Очигледно, поразот останува пораз, но треба да го погледнете проектот, во растот на тимот со текот на времето. Видов дека тимот што заслужи да победи загуби. Ова е фудбал. Не сакам да го коментирам моментот со пеналот. Досега ги немам сите информации, не сум ја видел снимката. Сакам да се апстрахирам од она што се случи и да се фокусирам на она што го правеше мојот тим, рече Португалецот.
Римјаните во 44. минута не реализираа пенал за израмнување на резултатот.
По осум кола, Рома е на 4. место во Серија А со 15 бода, Јувентус е на 7. позиција со 14 бодови.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени