Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
Македонија ги доби првите 52,4 милиони евра од ЕУ како дел од предфинансирањето за реформи и раст. Од овие средства, околу 24,4 милиони евра се за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии. Како дел од реформската агенда, македонската влада пред десет дена испратила и барање до Брисел за дополнителни средства од 17,1 милиони евра за имплементација на реформите.
Македонија е прва од регионот која ги доби средствата од Планот за раст, потврдија и од Делегацијата на ЕУ во земјава.
Со ова предфинансирање, Северна Македонија ќе добие 24,5 милиони евра за државниот буџет како поддршка за спроведување на реформите предвидени со Реформската агенда, додека 28 милиони евра ќе бидат инјектирани директно во Инвестициска рамка за Западен Балкан и ќе се користат за инфраструктурни проекти во Северна Македонија.
Од 6-те милијарди евра планирани за регионот, финансиската поддршка за Македонија е во вредност од 750 милиони евра.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар