Муслимани во свој ресторан нудат бесплатен божикен оброк
Доколку некој го бара вистинското значење на Божик, веројатно ќе го најде во лондонски ресторан чии сопственици се муслимани.
Ресторанот „Шиш“, чија специјалност е турската кујна, за Божик нуди бесплатен оброк за старите и бездомниците, бидејќи, како што пишува на плакатот на нивниот ресторан, никој не треба да јаде сам на Божик.
Пораката која ветува бесплатна божикна вечера, првобитно била напишана рачно.
- Ние само им помагаме на луѓето. Има многумина кои Божик го минуваат дома сами... а не мора да биде така. Може да дојдат овде и да се забавуваат, изјави вработен во овој ресторан.
Оброкот вклучува супа и цацик (традиционално турско јадење со јогурт и краставица) за предјадење, пилешко или вегетаријанско грне за главно јадење и пудинг со ориз за десерт.
Судејќи според фотографиите на овој ресторан сите оние кои ќе дојдат на Божиќ ги очекува вистинска гозба.
Ново на Сител
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса