Музејот на Македонија ќе постави изложба за западноафриканската уметност
Музејот на Македонија утре ќе отвори изложба „Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност“ која ја организира во соработка со Музејот на африканската уметност од Белград.
Оваа изложба првпат во Македонија ќе претстави африкански експонати, што претходно можеа да се видат само во светските музеи или во документарните фимови. Музејот од Белград во својата обемна колекција има предмети од повеќе народи од Африка. За оваа изложба тие селектираа скулптури, маски и ткаенини што се поврзани со култовите на плодноста и предците, како и со обредите за иницијација и погребувањата.
- Ова е прва можност македонските граѓани да се запознаат со африканските култури и да ги видат мноштвото скулптури и маски што ќе бидат изложени како светско културно наследство, наведува Музејот на Македонија, кој денеска организира и прес-конференција со повеќе детали за ексклузивната изложба.
Ново на Сител
-
Контрадикторен процес за Пендиков
-
Завршува „есенската кошница“ – граѓаните стравуваат од драстичен скок на цените
-
МОН го стокми новиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Први пратенички прашања на новиот парламентарен состав
-
Собранието е подготвено за уставни измени, но нема да го почне процесот без политички договор
-
МВР поднесе кривична пријава за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска
-
Подготвен нов закон - издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебници