МВР со осуда за оштетувањето на спомен плочата кај „Карпалак“
Министерството за внатрешни работи најостро го осудува оштетувањето на спомен плочата кај „Карпалак“, поставена во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година, се наведува во вечерашното соопштение.
Од МВР истакнуваат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за расчистување на случајот и најстрого санкционирање на сторителот.
- Денеска во 11.05 часот во СВР - Тетово е пријавено дека е оштетена спомен плочата поставена кај „Карпалак“. По расчистување на случајот, соодветно ќе ја известиме јавноста, пишува во соопштението.
Случајот го осудија и од Министерството за одбрана, од каде нагласија дека се преземаат активности за поставување нова спомен плоча, најбрзо што може.
Вчера во „Карпалак“ на патот Скопје - Тетово, беше одбележан трагичниот настан од пред 23 години, кога за време на конфликтот од 2001 година, конвој од бранителите бил нападнат од страна на терористите од т.н. ОНА. Во нападот каде биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, животот го загубиле 10 бранители, сите од Прилеп, кои со камиони се упатувале кон касарната во Тетово.
На 8 август 2001 година, на ова место биле убиени Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ергоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитовски, Горан Миноски и Пеце Секуловски.
Ново на Сител
-
МВР: Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024
-
ЈО: Психотропни супстанции пронајдени во стан во Скопје, поведена истрага
-
Судскиот совет попладне ќе ја одржи 498 седница
-
На Попова Шапка најниска температура и најмногу дожд
-
Влада: Oбезбедуваме по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација
-
Дождот ги изгасна сите пожари на отворено
-
Измените на Законот за локална самоуправа утре на собраниска седница
-
Масовен украински напад со беспилотни летала врз Русија - Една жена загина, повредени 3 лица