МВР за 24 часа издаде 427 нови потврди за искажана намера за поднесување барање за азил
Во периодот од 08:00 часот на 13.08.2015 до 14.08.2015 година во 08:00 часот, издадени се потврди на вкупно 427 странски државјани, од кои, 233 се од машки пол, 65 се од женски, 115 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-381, Ирак – 42, Бангладеж – три, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 14.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 33.767 странски државјани, од кои, 23.549 се од машки пол, 4.561 се од женски, 5.251 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 406 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-26.561, потоа Авганистан-1.996, Ирак-1.745, Пакистан-1079, Сомалија-547, Палестина-507, Конго-294, Камерун-134, Еритреја-132, Нигерија-126, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 14.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13.08.2015 година е евидентиран 1 барател на азил (маж).
Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.
Извештај за мобилните тимови на Црвен крст на 13.08.2015, до 17.00 часот, мобилните екипи укажаа прва помош на вкупно 204 лица, меѓу кои 30 трудници, од кои 118 интервенции на железничката станица во Гевгелија и 86 интервенции на Табановце.Транспортирано е 1 лице до Гевгелиската Општа болница.
До 17.00 часот, дистрибуирано е:
• 372 шишиња вода
• 59 пакети со храна
• 43 хигиенски пакети за жени
• 43 хигиенски пакети за мажи
• 38 пакети за прва помош
• 60 пелени
• 8 кебиња
Ново на Сител
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени