Македонија
25. February 2020 - 15:11

МЗ: Објавените информации за патникот од Дубаи не се официјални

Информациите за резултатите од тестирањето на патникот од Дубаи на Инфективната клиника што беа пласирани во медиумите не се официјални, соопшти попладнево Министерството за здравство.

-Официјалните резултати од патникот од Дубаи ќе бидат готови во 15:00 часот. Во 15:15 часот предвидена е изјава за медиумите на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во Министерството за здравство,  се наведува во соопштението.