МЗ: Во ИЈЗ е стигната пријава од лекар само за еден случај за сомнеж за смрт на пациент после вакцинација
Лекарот кој ќе утврди несакана реакција после примена вакцина за Ковид-19, го пријавува случајот до МАЛМЕД по еклектронски пат и пријавува до епидемилошката служба на надлежниот Центар за јавно здравје. Досега има стигнато еден образец за случај од април односно за настапена смрт кај 85 годишно лице, 32 часа после примена вакцина Астра Зенека. Освен констатирана смрт од страна на Брза Помош, нема лекарски извештај за претходна здравствена состојба, само е наведено дека лицето прима инсулинска терапија. Не е извршена обдукција на починатото лице, а земајќи ја предвид возраста на лицето не може да се утврди дали причината за смртта била вакцината.
Лицето е вакцинирано со прва доза на 06.04.2021 година, а пријава од семејството е поднесена 8 дена по настанатиот смртен исход.
За вториот случај, станува збор за лице на возраст од 54 години, кое било ревакцинирано на 09.09.2021, а кај кого смртта настапила на 25.09.2021 година. Лицето било вакцинирано со вакцина Фајзер, а после примена прва доза истиот немал никаква реакција. Според пријавата на матичниот лекар станува збор за пациент со хоронични заболувања. Пријавата за овој случај е пристигната само од МАЛМЕД. Дополнително ќе се утврдува дали има евентуална поврзаност на вакцината и смртниот исход, стои во соопштението на МЗ.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Пукање на автопатот Тетово - Скопје
-
Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица
-
Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок
-
Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката
-
Викендов променливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи
-
Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС
-
На ГП Табановце влегле и излегле над 18.000, на ГП Богородица скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово
-
Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот