МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вечерва информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри - надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови, е надминат на мерното место - Струмица.
- Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели - Службен весник на Република Македонија број 183 од 14.12.2017 година, се наведува во соопштението на МЖСПП.
Согласно настанатата состојба, за Струмица важат неколку мерки.
- Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-интегрирана еколошка дозвола. Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-интегрирани еколошки дозволи и елаборати. Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци. Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила. Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата. Забрана на горење на отворено, се истакнува во соопштението.
Се препорачува на сите правни субјекти - работодавци, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Исто така, се препорачува на сите правни субјекти - работодавци да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено, да работат од 11 до 17 часот. Се препорачува и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
Ново на Сител
-
Федерер официјален стартер на трката 24 часа Ле Ман
-
Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно
-
САД и Јужна Кореја напредуваат кон договор за елиминирање на царините
-
Болоња против Милан за прв куп трофеј од 1974
-
Студенстки штафетен маратон на студенти до Брисел со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во државата
-
Истрага за насилство од 19-годишник во Кисела Вода
-
Лавров: Мировниот договор за Украина сè уште треба да се „дотерува“
-
МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје