Loading Video...
Кошарка
29. јуни 2020 - 16:27

МЗТ Скопје сепак ќе почека за АБА 1 лигата - Во меѓувреме, Аеродромци со три засилувања

Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ќе мора да почека уште петнаесетина дена за својот статус во АБА лигата. 
 
На денешното Собрание на АБА лигата кое мина во тензична атмосфера и преапувања на клубовите, сепак најзначајното за мак-баскетот е дека на истото нема конечна одлука околу тоа дали екипата на Приморска ќе остана во прволигашкото друштво или МЗТ Скопје Аеродром ќе биде дел од елитата. 
 
Сепак, членовите на Собранието најавија одредени мерки преку кои ќе побараат  одредени гаранции од словенечкиот тим, кој е во големи финансиски проблеми, дека ќе ја доигра следната сезоната, но не како претходната. 
 
Тоа практично значи дека до 15 јули за кога е предвидена ждрепката статусот на Приморска, а со тоа и на МЗТ Скопје Аеродром останува неизвесен. 
 
Во меѓувреме Аеродромци веќе го пополнуваат составот за следната сезона. 
 
Откако претходно, договорот го обновија капитенот Дамјан Стојановски и тренерот Ѓорѓи Кочов, а под договорна обврска се и Бојан Крстевски и Андреј Магдевски, денеска уште двајца репрезентативци се договорија за соработка со МЗТ. 
 
Станува збор за 23 годишниот Андреј Маслонко кој го продолжи договорот на уште една година, како и Филип Бакоч (24 год, 206 см), доаѓа од тимот на Еуро Никел. 
 
Воедно засилен е и стручниот штаб и тоа со досегашниот тренер на Вардар, Дарко Радуловиќ кој ќе му биде прв помошник на Кочов.