На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах

Босна и Херцеговина и нејзиниот ентитет Република Српска би можеле да се соочат со финансиски колапс бидејќи им се закануваат долгови од речиси една милијарда евра, колку што е вредноста на серијата спорови покренати поради едностраното раскинување на договорите за концесија, а некои политичари денеска предупредија дека станува збор за „финансиска нуклеарна бомба“.
Расправата за тоа кој ќе го плати долгот од над 50 милиони евра што го направија властите на Република Српска, со прекршување на договорот за концесија за изградба на хидроцентрала на реката Врбас склучен со словенечка компанија, ја отвори Пандорината кутија полна со слични иницирани спорови што на крајот може да го чини тој ентитет, но и БиХ стотици милиони евра.
Словенечката компанија „Виадукт“, чие седиште е во Порторож, ја тужеше владата на РС за одлуката за раскинување на концесијата додека ја водеше Милорад Додик, актуелниот претседател на субјектот, и го доби тој спор, но властите во Бања Лука не ги решија своите обврски, па на крајот беше поведена арбитража пред Меѓународниот центар за решавање инвестициски спорови, а како тужена страна морала да се појави Босна и Херцеговина, бидејќи РС нема меѓународен субјективитет.
БиХ ја загуби арбитражата и сега треба да плати повеќе од 56 милиони евра на Словенците бидејќи владата на РС ги игнорира обврските што ги презеде претходно.
„Виадукт“ прибегна кон конфискација на имот и преку судот во Брисел издејствува забрана за трансфер на средства што Еуроконтрол и ги префрла на БиХ на име такси за прелети на авиони. Конфискацијата сега се заканува и на имотот на Централната банка на Босна и Херцеговина.
Покрај „Виадукт“ имаме уште пет арбитражи чија вредност е близу две милијарди конвертибилни марки (една милијарда евра) кои секако ќе дојдат да се наплатат“, предупреди министерот за финансии на Босна и Херцеговина, Мухамед Хасановиќ.
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
