Македонија
13. August 2020 - 16:33

На дното од Охридското езеро покуќнина за цел дом

Покуќнина и федери од стар душек најдени на дното на Охридското Езеро.Повторно на виделина излезе несовесноста на граѓаните отпадот наместо на депонија го фрлаат во водите на езерото. Нуркачките постојано работат на лоцирање, фотографирање на  секаков вид отпад и негова дислокација.

Претходно од езерото беа извадени перална правосмукалка, плочки ,када и уште каков не најразличен цврст отпад.

Отпад е најден на многу фреквентни локации,и тоа најчесто на местата  каде дневно поминуваат многу луѓе.

Од Акватек најавија дека продолжуваат со еко акциите за чистење на дното и  апелираат да се подигне свеста кај населението да не се дозволи Охридското езеро да стане депонија на нашиот отпад.