Македонија
27. October 2026 - 16:36

На Неврологија третирале 16 годишен пациент со мозочен удар

-Притисокот ми е 200 со 110, ми рекоа веднаш да одам кај матичниот лекар

Овој скопјанец кој дојде на бесплатните прегледи што ги организира Клиниката за неврологија за процена на ризикот од мозочен удар, дозна дека има многу висок крвен притисок. Иако вели дека редовно ја контролира хипертензијата со терапија, итното упатување кај матичниот лекар е чекор за превенирање на евентуални мозочни изливи.

-Она на што сакаме преку ваквите акции да укажеме е дека има пациенти кои имаат такви високи вредности на крвен притисок а ништо не чувствуваат. Моментот е дека болеста настанува наеднаш, акутно, вели д-р Јован Божиновски, директор на Клиника за неврологија.

Возрасната граница е намалена, ризик факторите се зголемуваат па освен притисокот и холестеролот, лекарите алармираат дека е опасен и стресот и брзиот начин на живот.

-Се плашам, сопругот имаше мозочен удар и знам дека е страшно, затоа кога видов на Фејсбук веднаш дојдов да се проверам.

Притисок, неактивност,...велат граѓани.

Неврологија е полна со пациенти од кои голем број се поради мозочен удар. Најмладиот во моментот што е на болничко лекување е на возраст од 37 години, но пред еден месец третирале и 16 годишна тинејџерка.

-Млад пациент на 16 години за жал ако не е добро третиран и ако инфарктот е голем тоа значи за цел живот инвалид или не дај Боже да заврши со летален исход. За среќа оваа пациентка е добра и добро се опорави, но тоа треба да не алармира и да внимаваме –не значи ако сме млади дека не може да добиеме мозочен удар, вели д-р Божиновски.

Регулирањето на притисокот и маснотиите може да не сдпаси од добивање на мозочен удар. Но при ненадејно искривување на лицето, слабост на раката или нарушување на говорот, веднаш да се побара итна медицинска помош.а