На претседателските избори во Србија ќе се натпреваруваат 11 кандидати
Државната изборна комисија на Србија потврди 11 кандидати за претседателските избори, закажани за 2 април, а нивниот редослед на гласачките ливичиња ќе биде соопштен подоцна денеска.
Кандидати за претседателските избори во Србија се Александар Вучиќ, кој е кандидат на владејачката Српска напредна партија, Саша Јанковиќ како кандидат на „За Србија без страв“, лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, кандидатот на групата граѓани „Мораме подобро“, Вук Јеремиќ, претставникот на движењето „Двери“, Бошко Обрадовиќ, претседателот на движењето „Доста беше“, Саша Радуловиќ, и кандидатот на Демократска партија на Србија, Александар Поповиќ.
Во изборната трка влегуваат и претседателот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кандидатот на „Народното слободарско движење“ Мирослав Паровиќ, претседателот на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак, како и кандидатот на група граѓани „Бели - Само јако“, Лука Максимовиќ, кој е познат како Љубиша Прелетачевиќ - Бели.
Претседателските избори, за наследник на српскиот претседател Томислав Николиќ, се распишани за 2 април, а ако во првиот круг никој не освои мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 16 април.
Ново на Сител
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата