На Самитот 16+1 склучени седум договори за трговија со кинески компании

Склучени се седум договори за трговија на македонски со кинески компании на Б2Б средбите во рамки на Економскиот и трговски форум на 6. Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ).
Од ССК информираат дека компаниите, што ги склучија договорите како резултат на конкретно вмрежување, се од земјоделство, градежништво, автомобилска индустрија, проектирање и планирање.
- Договорите значат промоција, унапредување и зацврстување на билатералната бизнис соработка. За прв пат целиот бизнис форум беше реализиран преку договорени средби на компаниите од НР Кина и 16 земји од ЦИЕ. Како резултат на напорните четири месеци работа во изминатиот период, договорите се круна на остварената соработка. Ни следи голем проект за економска соработка со НР Кина и земјите од ЦИЕ со фокус на примена на високи технологии во повеќе сектори како ИКТ, земјоделство, здравство, животна средина, изјави Арсовска и додаде дека од следната недела се очекува да започне реализација на договорите со конкретна цел зголемување на соработката.
Покрај трговијата се очекуваат директните инвестиции да бидат главен двигател на економската соработка меѓу НР Кина и земјите од ЦИЕ. Во 2016 година по однос на вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е седми трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година според официјалните статистички податоци изнесувала, 469 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од 421,2 милиони американски долари.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
