Loading Video...
Ф1
16. July 2021 - 18:45

На „Силверстон“ историска прва спринт трка во Формула 1

За првпат во историјата, викендов во Формула 1 првенството , ќе се одржи спринт трка. 
 
Трката на легендарната патека „Силверстоун“, е првата од предвидените три спринт трки сезонава, а се вози и како дел од неделното британско Гранд-при. 
 
Имено. Попладнево се возеше првиот тренинг на кој најбрзо време оствари лидерот во Генмералниот пламсман Макс Верстапен, кој беше побрзо од Норис, Хамилтон, Леклерк, Ботас итн...
 
Вечерва наместо вообичаениот втор тренинг ќе се ќе се возат стандардните квалификации кои ќе ги одредат стартните позиции за спринт трката, закажанја за утре на која ќе бидат изввозени 17 кругови односно 100 километри.
 
Конечниот пласман во спринт трката ќе го одреди почетниот редослед за стартот на главната трка во недела. 
 
Со ова практично тимовите и возачите ќе бидат поттикнати, сите три дена да остваруваат најдобри времиња, имајќи во предвид дека и од спринт трката, тројцата првопласирани возачи ќе добијат бодови (три, два и еден) кој влегуваат во бодувањето за Генералниот поредок во Ф1 шампионато