Loading Video...
Свет
25. March 2023 - 16:31

На украинскиот фронт се уште трае опсадата на Бахмут

На украинскиот фронт се уште трае опсадата на Бахмут, а двете страни се уморни и со недостиг на муниција. Естонската влада  побара од ЕУ по пример на ковид кризата да се направи заеднички фонд за набавка на муниција како што беше тоа за вакцините, сепак дел од земјите како Бугарија и Унгарија одбиваат да испорачуваат оружје за Украинците.

Бугарскиот претседател Радев порача дека  Софија нема да обезбеди борбени авиони, системи за противракетна одбрана или тенкови на Украина се додека сегашната преодна влада е на власт. Бугарија планира да ги задржи сите воени резерви, вклучително и тенкови и авиони од советската ера, како и  системите за противвоздушна одбрана С-300  поради сопствената одбрана.

Франција  тоне во криза , откако со денови  жестоко се протестира против пензиските реформи на Макрон низ целата земја. Сега им се приклучија и еколозите и земјоделците кои демонстрираат против градењето на мегабазени за наводнуавње.  Непослушноста кон власта расте, а синдикатите го предупредија францускиот престедател да не ја иритира јавноста со својата тврдоглавост и непопустливост.  

Досега е упасени  стотици луге, стотици полицајци се повредени, а улиците на француските градови опустошени. Поради кризата, одложена е и посетата на британскиот крал на Франција , која беше планирана за утре.

По руско-кинескиот самит,  во Отава се сретнаа  Бајден и Трудо  со порака дека САД и Канада се обединети против авторитарните и диктаторски режими.  На средбата главна тема биле војната во Украина и новиот развој во односите мегу Пекинг и Москва

Во Билбао Катедралата во Шпанија се одржа миса за поддршка и извинување на жртвите кои биле сексулано злоставувани од страна на каточличките свештеници. Во последните седум децении  во Шпанија се регистрирани 1200 вакви случаи,  пренесува весникот Ел паис. Мегу присутните на мисата беа и свештеници кои и самите во деството биле жртви на сексуално насилство.

Во Шпанија се води  истрага во врска со сексуалните злоставувања во црквата во која се вклучени и народниот правобранител и парламентот