Македонија
29. March 2024 - 19:46

Набавката за осумте хелихоптери ќе чини околу 250 милиони евра, дел од нив ќе бидат и вооружени

Со официјален потпис, но без официјална церемонија Министерството за одбрана го потпиша договорот вреден 250 милиони евра за набавката на осум хелихоптери од италијанскиот производител Леонардо. 

Иако првичната сума која ја кажаа од Одбрана пред неколку дена за модерните повеќенаменски воздухоплови беше околу 230 милиони, сега сумата достигна околу 250 милиони евра. Причина за 20 милиони плус кои Македонија ќе ги даде, се глобалните кризи. 

Дел од хеликоптерите AW149 и AW169M ќе бидат и вооружени, а можно е да се додаде дополнително вооружување и на останатите. Нашите пилоти ќе одат на обука кај италијанскиот производител, а според договорот тој ќе биде задолжен и да изгради хангар во касарната Петровец, каде ќе се чуваат овие воздухоплови.

Антикорупциска отвори предмет за оваа набавка на осум хелихоптери, а од Одбрана велат дека деновиве ќе им биде испратена документацијата на антикорупционерите, да се убедат дека нема ништо спорно во договорот со италијанскиот производител.