Началникот на ГШ на АРМ Величковски во посета на командата на КФОР во Приштина

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, се наоѓа во еднодневна официјална посета на командата на КФОР во Приштина.
За време на посетата, соопшти денеска Министерството за одбрана, остварена е средба со командантот на КФОР, генерал-мајор Џулиелмо Миљиета, на која е разговарано за актуелната безбедносна состојба во регионот, активностите околу справување со безбедносните предизвици и мигрантската криза, како и соработката на АРМ со силите на КФОР. Истакнато е дека и покрај одличната соработка помеѓу АРМ и силите на КФОР, постои можност за нејзино проширување во понатамошниот период.
Началникот на ГШ на АРМ генералот Величковски имаше средба и со амбасадорот на Република Македонија во Косово Илија Страшевски.
Во контекст на меѓусебната соработка, се посочува во соопштението, на почетокот на оваа недела во посета на АРМ престојуваше главниот наредник на КФОР Амедео Русо кој оствари средба со главните подофицери на АРМ и обиколка на армискиот полигон Криволак каде беа презентирани можностите кои ги овозможува полигонот за изведување обука.
Од јуни 2007 година во составот на Командата за логистичка поддршка на АРМ функционира координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, чија основна задача е координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување, со што АРМ посредно учествува во мисијата КФОР.
Ново на Сител
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
