Македонија
27. January 2021 - 20:46

Националната конвенција за ЕУ во земјава со препораки за правните механизми за регулирање на работните односи во пандемија

Работата од дома законски да се регулира. Да се предвиди покривање на трошоците за работа во домашни услови како и да се донесе посебен Закон за вонредна состојба со цел да се ублажат последиците од пандемијата. Ова се некои од препораките од Националната конвенција за ЕУ во земјава за правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија.

Државата треба повеќе да внимава при дизајнирање на мерките за помош при справување со пандемијата. Повеќето ја зголемиле родовата нееднаквост односно најголемиот товар од пандемијата го презеле жените.

Експертите посочија дека особено во услови на пандемија неопходно е  да се засили работата на инспекторите. Од ССМ повторно апелираа државата да внимава со петтиот пакет на мерки и да не дозволи да се повтори злоупотребата на државната помош од страна на работодавачите.