Македонија
27. January 2020 - 19:47

Над 100 македонски државјани се во Кина, МНР вели во безбедни зони - од денеска термални камери на аеродромот

Патниците од Истамбул и Дубаи кои денеска претпладне пристигнаа на скопскиот аеродром не ги поминаа превентивните прегледи за заштита од смртоносниот корона вирус. Термалната камера која вчера ја најави Филипче не профункционира целосно. Медицинската екипа од Центарот за јавно здравје дојде 5 минути по пристигнување на вториот лет каде имаше повеќе од 100 патници, најверојатно поради некоординираност меѓу надлежните институции.

-И покрај најавите на здравствените власти за контролни прегледи на скопскиот аеродром, само мал број од патниците од летот од Дуаби поминаа проверка покрај термалната камера.

 Она што го забележа екипата на Сител е дека термалната камера неколкупати се ресетираше и не беше во функција.

-Јас откако дојдов дел од патниците поминаа и камерата се ресетираше. Ние дојдовме кога ни кажаа а како се договориле надлежните незнам, знам дека влера имало Комисија за заразни болести, вели др. Марија Гочевска .

По забрзаното ширење на смртоносниот вирус, лекарите на аеродромот во Скопје треба да разговараат со патниците дали биле во ризичните региони, но и каде да побараат помош доколку добијат симптоми на болеста.

-Ние треба да мериме температура, доколку некој има симмптоми, го изолираме и бараме екипа на брза помош за да го одфнесат на клиника, вели др. Гочевска.

Освен што поминаа без превентивна проверка патниците д Дубаи и Истамбул, и актерска екипа од земјата кои се вратиле во четвртокот од Пекинг, не биле контролирани на скопскиот аеродром а според лекарите досега не појавиле симптоми на болеста. 

Според Министерството за надворешни работи во Кина ниту еден од 100те македонски државјани кои во моментот се во Кина не се заболени и не се наоѓаат во најризичните подрачја.

-Во Дипломатското конзуларно претставништво не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со Коронавирусот. Исто така нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење накои им е потребна помош.. Нашето претставништво е во постојан контакт со нив, велат од МНР.

Освен термалната камера, на Инфективна има и соби за изолација како и специјална стаклена капсула за транспорт на заразени, кој беше набавен за време на кризата со ебола.