Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
Над 160 веб страници за нелегално обложување ќе бидат забранети во првиот бран од стапувањето на сила на измените на Законот за електронски комуникации, информираше денеска во Штип, министерот за дигитална трансформација. Нелегалните приредувачи на игри на среќа ќе ги анализира Државна лотарија, од каде, до министерството ќе се испрати нотификација со табеларен приказа на веб страниците кои треба да се забранат.
-Ние ја ажурираме, ја испраќаме како налог за забрана до Агенцијата за електронски комуникации, која ја забранува преку телеком операторите. Од испараќањето имаат рок од 3 до 5 дена да постапи АЕК и телекомите и тие веб страници ќе бидат забранети. Како што кажав и при носењето на Законот, оваа трка ќе биде постојана, нема само еднаш да го правиме тоа. Пд прилика, мислам дека темпото на почетокот ќе биде на секои 2 до 3 недели, Државна лотарија ќе не известува за нови веб страници кои што се појавиле, а ние со налог ќе ги забрануваме, се до финално завршување на процесот и ги одвратиме граѓаните да бидат учесници во нелегалното приредување на игри на среќа онлајн, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
На овој начин граѓаните се штитат и од злоупотреба на лични податоци, картички и сметки во банка, но и ќе се штити буџетот од излевање на средства, кои би требало да се слеат по основ даночна обврска. Пред носење на законските измени, детектирани се 160 страници кои нелегално приредувале игри на среќа.
-Во првиот бран ќе бидат повеќе од 160, но мислам дека и во секој нареден бран, како ќе забележува Државната лотарија и други заинтересирани страни, дека постојат нелегални приредувачи на игри на среќа онлајн во Македонија, можат да не информираат и ние веднаш ќе постапуваме, додаде Андоновски.
Ова според Андоновски, е битка на целото општество против една епидемија која ни се случува последните години.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар