Loading Video...
Македонија
17. March 2025 - 17:39

Над 20 осомничени

Повеќе од 22 лица имаат статус на осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 59, а повредени се 162 луѓе. Надлежните најавуваат одговорност за сите кои директно или индиректно биле вмешани имале некакво својство во оваа трагедија.

- Во текот на вчерашниот ден се приведени 13 лица во ПС Штип. Приведен е неформален сопственик на дискотека, продавачот на билети, четири лица од обезбедување, управител на Агенција за обезбедување, на подружница, сопственик на објект на дискотека, три лица од Државен пазарен инспекторат, едно лице од Трудов инспекторат и уште едно лице коешто било поврзано со настанот, вели Тошковски.

По извршување на увидот, надлежните утврдиле дека концертот на групата „ДНК“ се одржал на диво. Бендот и организаторите немале никаков писмен договор, дискотеката работела во објект наменет за лесна индустрија, а прекршени се повеќе стандарди за противпожарна заштита. 

И Тошковски и премиерот Мицкоски уверуваат дека одговорност ќе има за сите без разлика дали доаѓаат од внатре од институциите и без разлика на која политичка гарнитура припаѓаат.

- Ќе одговарате сите коишто сте се дрзнавте на овој начин да водите политика и на грбот на граѓаните и животите коишто овие деца ги изгубија. И нема да има милост, од дома ќе ги вадиме. Ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство коешто вчера се обидоа со тие полноќни прес-конфернеција. Од дома за уши ќе ги вадиме. Ова треба да го знаат, рече Мицкоски. 

Според најавите од органите на прогонот, и денеска се очекува да има приведувања и повикување на информативен разговор на лица од интерес.