Над 200 санкционирани возачи во Скопје: Брзо возење, алкохол...
На 19/20.07.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за контрола на брзина на движење на моторни возила, за санкционирање на возачи кои вршат неправилно престигнување.
Во периодот од 23.00 часот на 19.07.2019 до 05.00 часот на 20.07.2019, при контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 17 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 20 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи. Откриени се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози.
Во периодот од 06.00 до 24.00 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 27 мерки против нив, а откриени се и 50 останати прекршоци, за кои се издадени 32 прекршочни платни налози и 18 мандатни платни налози.
На 19.07.2019 откриени се и осум возачи кои вршат престигнување на недозволено место. На сите им се издадени прекршочни платни налози, а откриени се и 32 останати прекршоци за кои се издадени пет прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.
Во периодот од 10.00 до 14.00 часот на 19.07.2019 откриени се 61 прекршоци кои се соодветно санкционирани.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
