Loading Video...
Свет
15. October 2021 - 16:37

Над 30 загинати по експлозија на бомба во Кандахар

Над 30 лица загинаа, а 70ина се повредени од експлозија на бомба во џамија во авганистанскиот град Кандахар.

Експлозијата се случила за време на петочната молитва кога во објектот имало огромен број на верници.

Според локалните медиуми, најверојатно станувало збор за самоубиствен напад спроведен од три лица - припадници на радикалната организација Исламска држава. Ова е втора експлозија во џамија за една недела – минатиот петок во градот Кундуз загинаа 50 лица.