Loading Video...
Свет
15. January 2021 - 16:40

Над 35 загинати во денешниот разорен земјотрес во Индонезија

Најмалку 35 лица загинаа во денешниот разорен земјотрес што го погоди индонзескиот остров Сулавези. Повредени се повеќе од 600 лица. Најголем број од жртвите и повредените се во градот Маџене. Потресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер предизвика лизгање на земјиштето, оштети мостови, куќи, болници а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.

26 000 припадници на национална гарда на САД ќе и помагаат на полицијата во Вашингтон на инаугурацијата на избраниот претседател Џо Бајден. Во Вашингтон веќе има  7000 членови на гардата. Инаугурацијата ќе се одржи на 20 јанаури. А Џо Бајден не губи време. Синоќа претстави план во висина од 1,9 трилиона долари за помош на Американците за справување со економската криза и за борба со ковид. Пакетот мерки треба да биде одобрен од Конгресот. 

Утре на конгрес Христијанско-деморкатска унија на германската канцеларка Ангела Меркел го избира новиот шеф на партијата, кој најверојатно ќе биде нејзин наследник и на местото шеф на најголемата економија во ЕУ. Во трката  учествуваат  - екс министерот за животна средина Норберт Ретген, поранешниот шеф на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот Фридрих Мерц и актуелниот премиер на провинцијата Северна Рајна – Вестфалија Армин Лашет.

Мерц , според германските медиуми има најголеми шанси  за победа.