Над два милиони Тајланѓани не ги враќаат студентските кредити
Над два милиони жители на Тајланд, кои дипломирале во последниве 10 години, меѓу нив и 60.000 што работат во државни служби, не ги враќаат кредитите што ги зеле додека сстудирале.
Студентси кредити во Тајланд во овој период користеле 4,5 милиони дипломирани граѓани, а според податоци на тамошните министерства за финансии и образование, повеќе од нив имаат постојан работен однос.
Бидејки сумата што ја должат „заборавните“ корисници на студентски кредити надминала 56 милијарди бахти (над 1,6 милијарди долари), државата ќе преземе административни мерки за враќање на средствата.
Први под удар ќе бидат оние што се вработеми во државните институции, кои до 15 февуари ќе треба да потпишат изјави за враќање на студентскиот кредит. Меѓу тие што не враќаат кредити од студирањето има и 1.000 вработени во Министерството за финансии.
За другите ќе се грижи посебната државна агенција, формирана пред две години, но поради многу законски пропусти оваа агенција успеала да обезбеди враќање на само шест отсто од долговите.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд