Тенис
23. September 2019 - 16:24

Надал веднаш зад Ѓоковиќ на најновата АТП ранг листа

Вообичаено во понеделниците се објавуваат најновите тениски ранг листи. Така е и овојпат. 
 
Иако по УС Опен е без настап поради повреда, Новак Ѓоковиќ и натаму е светски рекет број 1 . Србинот ја започна 270-тата седмина на лидерското место на АТП ранг листата со што стана четврти тенисер со вакво достигнување, притоа израмнувајќи го рекордот на легендарниот Иван Лендл. 
 
Повеќе време од овие двајца на врвот на АТП листата имале минато само Пит Сампрас кој е рекордер со 286 недели и Роџер Федерер со 310 недели на врвот.
 
Зад Ѓоковиќ со само 640 поени помалку е Рафаел Надал. Но, Шпанецот кој има шанса да го симне Ѓоковиќ од врвот до крајот на годината, денеска објави дека поради повреда се повлекува од „Лејвер Купот“ во Женева. 
 
Дали некој од нив двајца, ќе успее да се врати на терените во завршните три турнири од Мастерс серијата останува да се види.