Македонија
20. December 2024 - 16:36

Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?

Пет дена откако стапи во сила, граѓаните поделени околу Новогодишната кошница. За едни, цените се дури и повисоки, дел велат изборот на поевтини производи е голем.

Првите луѓе на Министерството за економија и на Пазарна во обиколка на маркети. Проверуваа дали се почитуваат одредбите донесени од Владата.

Директорот Стојкоски вели, инспекторите се постојано на терен, а не се забележани поголеми прекршувања од трговците и добавувачите.

- Освен ситни забелешки, во смисол на соодветно обележување на производите и ситни корекции на цените кај два-три трговски субјекта, во поголеми размери не се забележани неправилности. Можам да заклучам дека трговците, односно сите чинители на овој процес го почитуваат договореното. 

Министерот Дурмиши задоволен од ефектите на Новогодишната кошница.

- Видовме дека се означени со ознаката тие производи кои се ставени на Новогодишна, намалени цените 10% и повеќе, вели Дурмиши.

Во Новогодишната кошница опфатени се 1098 производи, но листата е отворена и маркетите и доставувачите можат да даваат нови предлози за производи за чии цени можат да ги намалат.