Нагорно Карабах: Вкупниот број загинати војници достигна 31
Властите во регионот Нагорно Карабах денеска потврдија дека уште 15 војници се убиени во судирот со азербејџанските сили, со што вкупниот број настрадани достигна 31.
Во неделата, властите од тој регион објавија дека 16 војници се убиени, а над 100 се повредени.
Претходно, претседателот на непризнатата Република Нагорно-Карабах пријави десетици убиени и ранети, така што не беше прецизирано колку се настрадани.
Борбите во регионот траат од неделата наутро меѓу силите на Ерменија и Азербејџан. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтот.
Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека Карабах бил „подложен на воздушни и ракетни напади“ од Азербејџан. Баку тврди дека ерменските сили први отвориле оган, а азербејџанските трупи започнале со контраофанзива.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%