Најавен меѓународен фестивал на книжевноста за деца и млади „Нови штурци“
Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ од Скопје во ноември ќе организираат прв меѓународен фестивал на книжевноста за деца и млади именуван „Нови штурци“. Организаторите соопштија дека фестивалот ќе биде во пресрет на одбележувањето на 13 Ноември - Денот на град Скопје.
Целта е да се стимулира, афирмира и презентира творештвото за деца и млади, да се поврзат и проткајуваат националните литератури и во иднина да се воспостави заеднички мост и поголема и подобра информираност, комуникација и соработка на авторите и книжевностите за деца и млади од Република Македонија и од странство.
На фестивалот се очекува да учествуваат и присуствуваат претставници од најпознатите и најистакнатите писатели за деца и млади од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Турција, Грција и другите соседни земји. Тие ќе настапат на повеќе литературни читања во Скопје и Републиката ќе учествуваат и на трибината „Како се создаваат книгите за деца и млади“.
Планирани се и работилници со ученици од основните училишта за креативно пишување на тема „Пишуваме раскази, песни и драмски текстови за деца и млади“, а ќе биде подготвена и изложба на илустрации за деца и млади од македонски и странски илустратори. Посебен акцент ќе биде ставен врз создавањето нова читателска публика, за што ќе се дискутира на трибината „Зошто не (се) читаме повеќе?!“.
- Се очекува „Нови штурци“ да биде елитен масовен, врвен и репрезентативен, домашен и интернационален собир на творците и книжевноста за деца и млади кај нас и во странство. Ќе бидат поканети како гости и повеќе издавачи, преведувачи и агенции за авторски права од странство. Ќе бидат поканети и вклучени повеќе републички и меѓународни институции, голем број најистакнати творци, воспитувачи, наставници и професори, критичари, есеисти и новинари, соопшти „Феникс“.
Предвидени се и две меѓународни награди и признанија „Големиот принц“ за веќе етаблирани и афирмирани творци и „Малиот принц“ за нови, млади и авангардни автори од земјата и странство.
Ново на Сител
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски