Бизнис
5. December 2021 - 16:38

Најави за дополнување на листата производи со замрзнати цени, бизнисот со остри реакции

Ќе се проширува листата производи чии цени во наредниот период не смеат да се зголемуваат. Министерот Бектеши најави дека се разгледува опцијата нови прехранбени произвиди да влезат на листата чија цена во наредните 2 месеци, ќе остане непроменета.  Доколку е потребно, мерката за замрзнување на цените ќе биде продолжена и по 31 јануари.

За бизнисот неприфатливо е замрзнување на цените, без државата да ги стабилизира влезните цени на суровите или да ја ограничи цената на струјата. Од Стопанската Комора велат мерката нема логика, затоа што се носи без консултација со нив, и без да им се обезбеди помош за покривање на загубите. Ефектот, според нив, ќе биде спротивен, односно компаниите кога ќе ги  потрошат залихите, ќе се соочат со нарушена ликвидност, затворање на капацитетите  и отпуштање на вработените. Дел од производителите на масло за јадење и млеко и млечни производи велат дека ги трошат последните залихи, а како ќе биде потоа, со оглед на 5 кратното зголемување на цената на струјата и високите увозни цени на суровините, ќе соопштат откако ќе ги направат официјалните пресметки и загуби.  Министерот за економија,  дециден – лани  кога се донесе ваква мерка, немаше отпуштања и затворања, туку намалување на профитот. Сега треба сите да бидеме солидарни, односно трговците да се откажат од маржата.

-Во време на вакви кризи, треба сите да бидеме солидарни и да ги намалиме маржите, а државата ќе им излезе  во пресрет на сите чинители, во согласност со можностите, И лани кога ја донесовме  ваквата мерка, имавме само намалување на профитот, немаше компании кои го намалија прозивдоство, немаше комании кои отпуштаа, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Замрзнување на цените засега воведе Србија, а Словенија размислува за наредниот период, со оглед на растечките цени на прехранбените производи.

Од утре, откако одлуката ќе се објави во Службен весник, цените во маркетите на основните производи треба да се вратат на ниво од 1 декември. Дали трговците ја почитуваат мерката, ќе проверува Пазарниот Инспекторат.