Македонија
11. August 2020 - 12:37

Најголем дел од патниците заболени од Ковид-19 на летот од Скопје до Финска биле косовски иселеници

Најголем дел од патниците, односно 95 лица кои патувале од Скопје до Финска биле косовски држајвани. Потоа лица кои имале фински, а само двајца летале со македонски пасош. Од министерството за здравство велат дека станува збор за иселеници или лица кои транзитирале преку Македонија, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата. од министерството додаваат и дека веќе се работи на тоа дали на некои од патниците им била издадена мерка самоизолација  откако влегле во земјава. А допрво ќе утврдуваат и контактите кои ги имале заразените лица , отккао влегле во Македонија. 

Инаку во саботата, во финскиот град Турку во саботата пристигнал авион од Скопје со 157 патници од кои 24 по извршеното тестирање биле позитивни на Ковид-19. Поради тоа Финска  ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од земји со висок ризик. Доброволното тестирање на финскиот аеродром било спроведено откако властите неодаман  утврдиле дека два авиони  од земјава и Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус. 

Инаку во неделата Мајка со три деца кои биле позитивни  позитивни на Ковид 19 биле вратени од скопскиот аеродром од лет  за Норвешка.