Свет
29. October 2020 - 18:51

Најмалку 140 мигранти се удавија во близина на брегот на Сенегал

Најмалку 140 мигранти се удавија на брегот на Сенегал во најсмртоносниот бродолом регистриран оваа година, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Брод со 200 лица се запалил и се превртел во саботата неколку часа откако го напушти рибарскиот град Мбур, 100 километри јужно од главниот град Дакар, соопшти ИОМ.

Сенегалската и шпанската морнарица и рибари спасиле околу 60 лица, но најмалку 140 се удавиле, се вели во соопштението на ИОМ.

Опасниот морски премин од Западна Африка до Канарските острови некогаш беше главната рута за луѓето кои сакаа да избегаат од сиромаштијата. Откако Шпанија ги засили патролите во средината на 2000-тите, трасата привлекува помалку мигранти, но оваа година повторно стана актуелна.