Свет
31. March 2016 - 15:25

Најмалку 15 загинати и 150 затрупани по уривање надвозник во Калкута

Најмалку 15 луѓе загинаа и речиси 150 се затрупани во урнатини од надвозник во изградба на подрачје со густ сообраќај во Калкута, во источна Индија.

Граѓани се обидуваат да ги расчистат урнатините и да спасат затрупани луѓе, јавуваат локални медиуми.

Досега петнаесет луѓе се извлечени од урнатините, но се со тешки повреди. Дури и 140 тони тежок кран не успеал да ја подигне бетонската плоча која се урнала и под која се како што се стравува, заробени многу луѓе.

Надвозникот во Калкута, што се гради од 2009 година, бил долг два километра.