Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија
Во три координирани напади на жени-самоубијци во Нигерија, најмалку 18 лица загинаа, додека 30 се ранети, соопштија денеска локалните власти.
Сите три напади се случиле во градот Гвоза во североисточна Нигерија. Првиот се случил околу 15 часот на свадбена веселба, а само неколку минути подоцна дошло до експлозија во близина на општата болница, каде според лекарите имало мртви деца и трудници. Третиот напад се случил на погреб каде што жената самоубиец се појавила како ожалостена.
Властите воведоа полициски час во градот, а заедницата остана во состојба на готовност по извештаите за уште една осомничена жена бомбаш во Пулка, град на околу два километра од Гвоза.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападите, но Гвоза се наоѓа во државата Борно, која беше тешко погодена од бунтот во 2009 година што го започна исламската екстремистичка група Боко Харам.
Во минатото Боко Харам користеше жени и девојки во самоубиствени напади.
Ново на Сител
-
Роналдо по пласманот во четвртфиналето на ЕП 2024: Необјасниви моменти
-
На „Богородица“ за излез се чека 40 минути, на „Табановце“ за влез половина час
-
Стартуваше летниот времен режим на сообраќај за камиони
-
Словенија, Хрватска и Србија зафатени со силно невреме
-
Орбан пристигна во Киев, ден откако Унгарија го презеде претседателството со ЕУ
-
Ирански генерал се закани со нов ракетен напад врз Израел
-
Бајден: Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД
-
Северна Кореја тестираше нова тактичка балистичка ракета