-->
-->
Најмалку 22 лица погинаа во пожар во болница во рускиот регион Вороњеж
-->
Најмалку 22 лица погинале, а 23 се повредени во пожарот што избил во болница за невролошки заболувања во рускиот регион Вороњеж, јави утринава руските медиуми.
-Од 22 мртви лица, две починале во болницата. Спасувачките екипи уште трагаат по едно исчезнато лице, за агенцијата ТАСС изјавија од руското Министерство за вонредни ситуации.
Како што наведува „ Раша тудеј“, евакуирани биле 57 лица.
Починале пациентите кои биле врзани за кревет или биле под силни седативи во рамки на нивната терапија.
Се уште не позната причината за пожарот, што беше локализиран во три часот по полноќ по локално време.
Во болницата во време на појавувањето на пожарот се наоѓале околу 70 пациенти.
Огнот во целост ја проголтал зградата со површина од 600 квадратни метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: Против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот
-
Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје
-
Мечка следела и гонела 15-годишно дете во Македонски Брод
-
Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда
-
Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете
-
Маск: УСАИД финансирал истражување за биолошко оружје, вклучително и Ковид-19
-
Санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Земјотрес од 4,9 степени во близина на Санторини-порака од 112 до жителите на островот