Најмалку 31 загинат во пожарите во Калифорнија
Најмалку 31 лица загинаа, над сто се повредени, а неколку стотици се водат како исчезанти во силните пожари што ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија.
Ова претставува рекорден број на жртви при огнена стихија во историјата на САД. Досегашниот неславен рекорд го држеше пожарот во Лос Анџелес во 1933 година, која загинале 29 лица.
Пожарите досега зафатија површина од 190.000 акри (768 километри квадратни) и уништија над 3.500 станбени и деловни објекти.
Според локалните власти, нема информации за 463 лица од регионот зафатен со пожарите, кои во моментов се водат како исчезнати.
Најтешко е погоден градот Санта Роза, северно од Сан Франциско, во централниот дел на долината Напа, која е позната како главен центар на винската индустрија во САД.
Над 8.000 пожарникари се ангажирани во борба со пожарите, кои се шират поради силните ветрови и сушата. Во моментов во реонот беснеат најмалку 21 пожар.
Се претпоставува дека пожарите биле предизвикани од електрична искра од пад на далновод.
Ново на Сител
-
Околу 15.000 луѓе евакуирани во Германија поради сомневање за бомби од Втората светска војна
-
Уапсени две лица, возеле мортус пијани
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово