Најмалку 70 борци на ИД загинаа при воздушните нападите врз Фалуџа
Повеќе од 70 борци и еден командант на Исламска држава загинаа во воздушните напади на коалицијата предводена од САД во ирачкиот град Фалуџа, соопшти Пентагон.
Портпаролот на Пентагон, Стив Ворен истакна дека командантот Махер ал Балави загинал пред два дена.
- Иако смртта на Балави е добра вест за коалицијата, не е познато уште колку долго ќе трае битката за Фалуџа, на 50 километри западно од Багдад, каде има 50.000 цивили, посочи Ворен на прес-конференција во Багдад.
Коалицијата дистрибуираше летоци со инструкции за цивилите да ги избегнуваат зоните каде се наоѓаат борци на ИД. Во летоците е наведено ако цивилите не можат да го напуштат градот на покривите да стават бели чаршафи. Ирачката армија ги организира маршрутите за евакуација на населението, а локалните власти на провинцијата Анбар изградија кампови за раселените лица.
- Првата фаза од офанзивата на Фалуџа, што почна во понеделникот, речиси е завршена, градот е целосно опколен. Конечната битка за градот ќе почне следните денови, изјави лидерот на шиитската милиција Бадр, поддржана од Иран, Хади ал Амири.
Тој додаде дека шиитската паравоена колација Народна мобилизација ќе учествува само во опколувањето на Фалуџа, а офанзивата врз градот ќе ја спроведе ирачката армија
Ново на Сител
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник
-
Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите
-
Променливо облачно со сончеви периоди, со пораст на дневната температура