Најмалку четворица загинати при удар на тајфунот „Соуделор“ на Тајван
Најмалку четири лица загинаа, а еден се води како исчезнат при налетот на тајфунот „Соуделор“ на Тајван, јави ТАСС.
Поради невремето на Тајван денеска останаа затворени поголем број јавни институции и компании, а откажани се и десетици летови од тајванските аеродром. Региситрирани се и прекини и застои и во поморскиот и во железничкиот сообраќај.
„Соуделор“, кој е најсилниот тајфун во реонот на Тихиот Океан оваа сезона, предизвика и прекин на електричната енергија во околу 1,8 милиони станбени објекти.
Ветерот во жариштето на тајфунот, кој е проследен со поројни дождови, над Тајван дувал со брзина од 58 метри во секунда.
Тајфунот денеска продолжи да се движи кон запад, приближувајќи се кон континенталниот дел на Кина. Во очекување на ударот на „Соуделор“, властите евакуираа околу 158.000 луѓе во источната кинеска провинција Фуџијан.
Откажани се и повеќе летови од аеродромите во Фуџијан и соседната провинција Гуангдонг и одложени се поголем број јавни манифестации и собири.
Кинеските метеоролози проценуваат дека кога ќе приситгне до Кина, ветерот во жариштето на тајфунот ќе дува со брзина од 46 до 50 метри во секунда.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња