Најмногу дожд на Попова Шапка, температура до 21 степен

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, каде се измерени 13 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Маврови Анови со девет, Тетово со пет, како и Пожаране и Скопје – Зајчев Рид со по четири литри на метар квадратен. Помали количини врнежи се регистрирани во Крушево со два литра, додека по еден литар се измерени во Крива Паланка, Тополчани, Прилеп и Велес.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Локално се очекува нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
