Најмногу дожд во Штип, најмалку во Охрид

Најстудено утрово беше во Лазарополе, шест степени, а најмногу дожд последниве 24 часа наврна во Штип, вкупно 87 литри на метар квадратен.
Како што информира УХМР, до осум часот се измерени осум степени во Крушево и Маврово, девет во Пожаране, Тетово и Битола, 10 во Прилеп, Берово, Претор, Крива Паланка и Охрид, 11 во Дебар и Тополчани, 12 во Ѓуриште, 13 во Виница, 14 во Скопје, Штип, Демир Капија и Скопје Петровец, како и 15 во Куманово, Дојран, Струмица и Гевгелија.
Врнежите достигнаа еден литар на метар квадратен во Охрид, два во Ѓуриште, Лазарополе и Дебар, четири во Берово, Пожаране, Тетово и Маврово, пет во Куманово, шест во Тополчани, седум во Прилеп, осум во Гевгелија, девет во Демир Капија, 11 во Струмица, 16 во Крушево, 18 во Виница, 24 во Дојран, 32 во Крива Паланка и 38 во Скопје.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град и засилен ветер. Teмпературата ќе достигне од 15 до 23 степени.
И во Скопската котлина нестабилно, попладне со повремен пороен дожд и грмежи.
До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови, со променливо облачно и нестабилно време, поројни врнежи од дожд и грмежи. Утре ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер. Од утре температурата значително ќе опадне.
Ново на Сител
-

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за лиценцирањето на објектот
-

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
-

Проблеми за автомобилот налето и како да се решат навреме?
-

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци - киријата одзема најголем дел од заработката
-

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта и кога КТ и МР не покажуваат промени
-

Приведен 30-годишник од Кавадарци, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Нејмар по дебито на Мундијалот: Плачев во соблекувалната
