Најмногу слободни работни места во прехранбената индустрија
Во четвртото тримесечје од минатата година во Македонија имало 6.470 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, најмногу слободни работни места има во прехранбената индустрија (2.108), по што следува трговијата на големо и на мало и поправката на моторни возила и моторцикли со 1.379 слободни места. Најмалку слободни работни места има во дејностите поврзани со недвижниот имот (2).
Гледано по занимања најмногу слободни работни места има за работници во услужните дејности и продажбата, а најмалку како за членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.
Најмногу слободни работни места може да се најдат во компаниите со 10 до 49 вработени, а најмалку шанси да се најде слободно работно место има во компаниите со 3 до 9 вработени.
Во однос на бројот на слободни работни места по региони, најмногу шанси за вработување има во Скопскиот регион каде според статистичките податоци, има слободни 3.121 работни места, а најмалку во Полошкиот регион каде се слободни 180 работни места.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети