Македонија
7. August 2024 - 12:09

Најмногу странски туристи има со кружните тури

Охрид деновиве врие од туристи. Гужви овој период има покрај кејот низ чаршијата, кафетериите ноќните клубови и плажите а зголемена е и фреквенцијата на возила во сообраќајот.

Ваквата е сликата деновиве во главниот туристички центар со капацитет од околу 40 000 легла за гостите.

Најмногу странски туристи има по т.н. кружни тури, кои секојденевно го запоседнуваат Стариот дел на Охрид при обиколка на културно-историските споменици и најатрактивните локалитети низ градот а не изостануваат ни домашните  .

Хотелиерите сметаат дека овој период градот има што да понуди но не треба се да биде сконцентрирано во екот на сезоната.

Гости според најавите на туристичките работници ќе  има на охридската ривиера до крајот на септември, но сезоната ќе продолжи со балканските кружни тури до ноември.