Најнизок одѕив досега кај Албанците
Вчерашните претседателски избори помина со досега најнизок одѕив споредено со претходните претседателски избори, но и парламентарни и локални избори. Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот во првиот круг на претседателските избори изнесуваше 41,82 отсто или на гласање излегле 755.816 граѓани, од вкупниот број на гласачи кој изнесува 1.808.131 лица.
Само за споредба, на првите непосредни претседателски избори во 1994 година, на гласање излегоа 1.053.761 граѓани, а за шеф на државата беше избран Киро Глигоров со освоени 715.087 гласови.
Но, она што е карактеристично за овие избори е особено малата излезност во општините каде што преовладува албанската етничка заедница.
Во овие средини и на претходните избори излезноста била помала во однос на останатите општини, но никогаш толку мала како на вчерашните избори.
Со исклучок на Дебар каде што одѕивот изнесува 40,70 проценти, но во оваа општина истовремено се одржуваа и локални избори. Во ниту една општина каде Албанците се мнозинство овој број не надмина 30 проценти. Но, таму значителен е процентот на одѕивот на Македонците и на останатите етнички заедници.
Па така во Тетово одѕивот изнесува 28,36, во Гостивар 25,05 проценти, а во Чаир 29,13 проценти.
За разлика од нив, во општината Желино која е населена исклучиво со етнички Албанци излезеноста изнесува 16,66 проценти, општината Боговиње 17,93, општината Студеничани 19,52, а нешто подобра е во оштината Сарај каде одѕивот е 20,77.
Одѕивот иако не е голем ни во општините со мнозинско македонско население, сепак е речиси за два пати, а во некои општини три пати поголем во однос на општините каде Албанците се мнозинство.
Така на пример одѕивот во општината Крива Паланка изнесува 62,22 проценти, Ранковци 61,76, а Лозово 60,46 проценти, но и во поголемите општини како Прилеп 55,93 процент и Битола 45,81 процент.
Рекордери по ниска излезеност како и секои избори така и овие се општини познати како печалбарски и кои се населени претежно со Турци и Македонци со исламска вероисповед.
Како специфичен пример за оваа е општината Пласница каде одѕивот изнесува 14,20 проценти и Центар Жупа со 14,50 проценти.
Ако се суди според одѕивот се добива впечаток дека Албанците од Македонија не биле многу мотивирани за да излезат на вчерашните избори, но и дека миграцијата односно иселувањето, и покрај тоа што имаат речиси дупло поголем наталитет ги празни средините во кои што живеат.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
