Свет
22. December 2018 - 9:16

Најскапиот авион на светот се уште не летал, а веќе го менуваат: Америка работи на 6. генерација борбени авиони кои ќе ги заменат F-35 и F-22

Иако американскиот борбен авион "F-35" уште не полетал, или барем не се докажал во борби, американскиот воено-индустриски комплекс развива борбени авиони од шеста генерација, кои би требало да ги заменат F-22 и F-35, а секој од нив би чинел 300 милиони долари.
 
САД создава борбен авион од шеста генерација, за да им парира на Русија и Кина. 
 
Меѓутоа, одборот за контрола на буџетот на американскиот Конгрес предупредува дека трошокот за изработка на ова летало би можел да биде три пати повисок од парите за дизајнирање и производство на авионот "F-35", моментално најскап воен проект на светот, што некои од американските експерти ги натерало да се запрашаат дали оваа земја може да си го дозволи тој луксуз, наведува "Popular Technics".
 
Борбените авиони од следната генерација, "Penetrating Counter Air - PCA", ќе бидат подготвени кон средината на векот. Се наведува дека ќе имаат поголема автономија на лет и поголема носивост од ривалите, пред се руските и кинеските.
 
Меѓутоа, проблемот е претераната цена на проектот, стои во новиот извештај на Одделението за буџет на американскиот Конгрес, кој го предвидува и трошокот на за отстранување на моменталниот инвентар од воздушните сили до 2050-та година.
 
Документот наведува дека цената на еден од овие борбени авиони би можела да достигне 300 милиони долари, што е тројно повеќе од 94 милиони, колку што чини F-35A, американското технолошко чудо кое за даночните обврзници станало ноќен кошмар од финансирањето на воениот буџет.
 
Овој висок износ не е официјална процена на Пентагон, но прв пат една владина агенција наведува потенцијална цена на авион од шестата генерација F-X. Се додава и дека бројката од 300 милиони може да се менува.
 
PCA се толку скапи поради цената на новите технологии и трошоци за нивниот развој, се наведува од Одделението за буџет.
 
Се проценува дека американското воено воздухопловство може да ги прими 414 PCA авионите, познати како F-X, кои би ги замениле авионите F-15, F-22 и F-35, а вкупната цена на проектот надминува 124 милијарди долари.
 
Цената не е единствен проблем
 
Меѓутоа, трошокот не е единствен проблем со кој проектот PCA би можел да се соочи во иднина. Буџетското одделение во Вашингтон вели дека првиот авион од шестата генерација би можел да се најде во служба во 2030-та година, но признава дека овој план за испорака е "можеби оптимистичен", посебно ако се сетиме на времето за развој F-22 и F-35.
 
"Другите стелт авиони, како како бомбардерот B-2 и борбените авиони F-22 и F-35, имаа зголемени трошоци кои доведоа до намалување на брзината на производството и намалување на вкупните нарачки", предупредува извештајот, во кој се заклучува "дека задржувањето на трошоците PCA авионот би можело да биде подеднакво тешко".
 
Меѓутоа, PCA не е најскапиот авиони кој се развива во САД. Авионот F-22, првиот борбен авион од петтата генерација кој е во служба на американското воздухопловство, го стекнал угледот поради својата висока цена, што на почетокот на 2010-та година довело до откажување на програмот. Цената на еден од тие авиони во 2009-та изнесувала 150 милиони долари, но поради трошоците за истражување и развојот, цената на еден достигнала 400 милиони долари.