-->
-->
Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови
-->

Во државава најстудено изутринава е во Берово, каде во 7 часот се измерени - 7 степени, по што следуваат Битола и Тетово со - 5, Скопје-Петровец, Куманово, Прилеп, Штип, Велес, Струмица и Демир Капија, - 4 степени, Кавадарци и Маврови Анови, - 3, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Дебар, - 2, Охрид, Претор и Виница - 1.
Како што информира УХМР, најмногу снег, 43 сантиметри, има во Маврови Анови, а снежната покривка во Крушево е 27 сантиметри, во Попова Шапка 15, а Берово шест.
Времето денеска ќе биде сончево, по котлините со појава на магла. Ќе биде претежно тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот
-

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
