Намален бројот на ученици и студенти во интернатите и домовите
Во учебната 2017/2018 година вкупниот број на ученици и студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 6.334, што претставува намалување за 6,2 отст во однос на 2016/2017 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 247 ученици.
Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.
Од ДЗС посочуваат дека домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%