Македонија
4. February 2020 - 10:42

Намален водостојот на реките

Нивото на сите реки во земјава е намалено, а кај некои од нив тоа е два или три пати пониско од просекот за месец февруари, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Двојно е намелено нивото на реките Вардар, Лепенец, Пчиња и Крива река и на Брегалница, а тројно и повеќе на Струмица, Црна Река и Црн Дрим.

За разлика од реките, нема големи отстапувања на нивото на водата во езерата. Нивото на Дојранското езеро е повеќе од два метра над февруарскиот просек, а на Охридското и Преспанското е малку под вообичаеното за овој период од годината.